Програма за работа на АДБ за 1999 година PDF Печати Е-пошта
Напишано од Александар Шулевски   
Четврток, 19 Март 2009 22:41
Јануари 1999

- Излагање на резултатите од метеорските набљудувања на Леонидите.
- Довршување на проектите
- Формирање на организационен одбор за организирање на собир на астрономи ( со меѓународен карактер ).

Февруари 1999

- Припрема на ученици за Смотрата на млади истражувачи на РМ и регионалниот натпревар по астрономија.
- Набљудувања по сопствен избор.
- Припреми за учество на претстојната 4та Средба на (не само) Европски набљудувачи на планети и комети, ( MEPCO ’99 ) која ќе се одржи 4-8 август во Варна, Бугарија.
- Прибирање на матерјали за астрономското списание "Алманах" и подготовка на истото.

Март 1999

- Припрема на ученици за Смотрата на млади истражувачи на РМ и регионалниот натпревар по астрономија.
- Набљудување на планети и соѕвездија.
- Припреми за престојното Сончево помрачување.

1. Набљудувања кои ќе се одвиваат во близина на Битола.
2. Набљудувања кои ќе се одвиваат во близина на Варна ИЕП 11 август 1998.
3. Набљудувања кои ќе се одвиваат во СРЈ, Р. Романија и Р. Унгарија

- Испитување на сончевата активност.
- Организирање на предавања.
- Припреми за учество на 25та НМАК, Р. Бугарија.

Април 1999

- Учество на 25та НМАК, Р. Бугарија.
- Месечево фотографирање.
- Одредување на орбитата на Месечината.
- Двојни ѕвезди и нивно испитување.
- Изработка на ѕвездена карта.

Мај 1999

- Истражувачки набљудувања (ќе бидат вршени во облик на повеќедневни набљудувања или во облик на астрокамп).
- Медиумска популаризација.
- Доработка на проектите.
- Издавање и дистрибуција на списанието "Алманах".

Јуни 1999

- Набљудување на послабо активни метеорски дождови и одредување на точните кординати, зенитна часова фрекрвенција на истите ( Јунски Ботиди, ? Сагитариди, Јулски Пегасиди и др ).
- Истражувачки набљудувања.
- Анализи на проектите кои беа работени во изминатите шест месеци.

Јули, 1999

- Организирање на масовно наблудување за популаризација на астрономијата.
- Изготвување на информација за изградбата на куполата (околу фазата на изградба, техничките карактеристики, и финансиска конструкција ).
- Подготовки за набљудување на метеорскиот дожд Леониди, дата на максимум 18 XI 1999 (овај проект претставува продолжување на веќе извршените набљудувања, со цел да се одреди опаѓането на зенитната часова фреквенција на овај редок метеорски дожд, Т=33 год.).
- Астрокамп 19-21 јули 1999 ( ПЕЛИСТЕРСКИ ОЧИ III ), на кој ќе се изведуваат најразлични набљудувања ( метеори, Сонце, Месечина, планети двојни ѕвезди и тн.)
- Организирање на метеорски набљудувања 25,26,27,28 и 29 јули 1999

Август 1999

- Учество на MEPCO ’99 која ќе се одржи 4-8 август во Варна, Бугарија
- Набљудување на тоталното Сончево помрачување кои ќе се одвиваат во близина на Варна, Р. Бугарија ИЕП 10 - 12 август 1999
- Набљудувања на Сончевото помрачување кои ќе се одвиваат во близина на Битола и Велес ( ќе се вршат набљудувања од повеќе набљудувачки локации ).
- Набљудување на тоталното Сончево помрачување кои ќе се одвиваат во Р. Романија, СРЈ и Р. Унгарија.
- Организирање на метеорски набљудувања 3,4,11,12,17,18,19,20,28,29 и 30 август 1999
- Зачленување во Меѓународни организации.
- Пронаоѓање на Астероиди во Роженската опсерваторија јули-август ( членовите на МАД во соработка со НАО Рожен и астрономското друштво ,, Никола Коперник “ од Варна ќе ја продолжат веќе започнатаа програма за пронаоѓање на астероиди во која минатите две години учествуваат и членовите на ,,Астрономското Друштво Битола “ - Битола.), исто така се планирани и други облици на набљудувања и астрофотографирања.

Септември 1999

- Подготовки за набљудување на метеорскиот дожд Леониди ( набљудувањата и финансиската конструкција ќе се одвиваат и во наредните месеци )
- Организирање на популаризирачки предавања за слушатели од основните и средните училишта, претежно во просториите на друштвото.
- Прибирање на матерјали за библотеката при "Астрономското Друштво Битола" - Битола.

Октомври 1999

- Организирање на набљудувања на соѕвездија, маглини, планети, метеори, галаксии и други космички објекти.
- Астрокамп "ОРИОНИДИ 1999/02".

Ноември 1999

- Набљудувања по сопствен избор.
- Изработка на проекти.
- Прибирање на информации за набавка на опрема за работа со телескоп.

Декември 1999

- Довршување на активностите, заокружување на програмата, анализа на истата и поднесување на писмен извештај.