Историја PDF Печати Е-пошта
Напишано од Александар Шулевски   
Четврток, 19 Март 2009 22:01
    По осамостојувањето на Република Македонија рапидно порасна интересот за астрономијата во национални и локални рамки што доведе до формирање на Македонско Астрономско Друштво на 14.03.1996 год. во Скопје и Меѓуопштинското астрономско друштво на 17.09.1996 год. во Битола.
    Формирањето на Битолското астрономско друштво е всушност и резултат на успесите и интересот на битолските астрономи аматери кои ги постигнаа едноподруго од 1994 - 1996, кога ги освојуваат првите места на Олимпијадата на млади истражувачи на Р. Македонија, а во 1996 се здобиваат со двојна круна, го освојуваат првото и второто место на овој натпревар.
    На основачкото Собрание 17.09.1996 на Меѓуопштинското астрономско друштво-Битола, присуствуваа членови од Македонското Астрономско Друштво, меѓу кои и председателот на МАД, проф. д-р Мијат Мијатовиќ, професори и асистенти од Техничкиот факултет-Битола, наставници и ученици од основните и средните училишта во Битола и заинтересирани граѓани од Битола.
    На истото собрание беше избрано петчлено председателство на друштвото, кое го сочинуваа:

Владо Јончевски
Даница Гина
Никола Димитров
Ратка Нешковска
Славе Митревски

    За прв председател на друштвото е избран Владо Јончевски, а за секретар Сузана Елковска. Исто така е одлучено седиштето на друштвото да се наоѓа во просториите на Домот за техничка култура.

    Во овој период Меѓуопштинското астрономско друштво работи како секција на Македонското Астрономско Друштво која има за цел да го покрива југозападниот дел од Р. Македонија, а членовите на Меѓуопштинското астрономско друштво се членови и на Македонското Астрономско Друштво.

    Првиот статут на Меѓуопштинското Астрономско Друштво е донесен на 8. 10. 1996 год. Во истот друштвото е дефинирано како самостојно и како такво е единствено во делувањето и името како матично друштво. Како симбол на друштвото е прифатен симболот на Македонското Астрономско Друштво.

    Појавата на спектакуларната комета Хејл-Боп предизвика голем интерес кај астрономите ширум светот. На овие набљудувања и испитувања се вклучија и битолските астрономи аматери : Ристевски Марјан, Петровски Тодор, Хаџи Коста Милевски Диоген, предводени од Гина Даница - наставник по физика. Точноста на нивните испитувања го зголеми интересот за фотографирање и проучување на оваа спектакуларна комета. Првите фотографија на кометата во Р, Македонија беше направена на 11.02.1997 год. од страна на Ристевски Марјан, а на првите набљудувања на 27 јануари 1997 зедоја учество: Ристевски Марјан, Петровски Тодор, Хаџи Коста Милевски Диоген и Шулевски Александар. Резултатите од набљудувањата на кометата беа изложени на младинската конференција во Варна Р. Бугарија (НМАК 98) од страна на Ристевски Марјан за што слушателите пројавија голем интерес.
 
 
    Членови на Меѓуопштинското астрономско друштво предводени од Гина Даница, зедоа учество во научната екскурзија која од страна на Македонското Астрономско Друштво беше организирана на Националната опсерваторија Рожен - Р. Бугарија од 24 до 26 Април 1997г, каде астрономите од Р.Македонија беа запознаени со методите и техниката која се користи во најголемата источноевропска опсерваторија.

    Секоја година почнувајќи од учебната 1996/97, Центарот за стручно образование, оспособување и развој-Битола (ЦСООР) е организатор на школи за талентирани ученици од Р.Македонија по астрономија на кои во голем број земаат учество, членови на Битолското друштво како слушатели, асистенти и предавачи.
 
 
  Воспоставената соработка со Националната опсерваторија Рожен - Р.Бугарија резултираше со покана за учество на заеднички истражувања на некои астрономски феномени. Овие истражувања беа организирани од 4 - 14 август 1997 год. кога од Македонија учество зедоа седум членови меѓу кои од Битолското друштво : Ристевски Марјан , Крстанов Дејан и Шушак Зоран. На овие набљудувања се работеа повеќе вежби меѓу кои : откривање на мали планети Астероиди, следење на активните метеорски дождови, набљудување на планети, галаксии и ѕвездени јата, испитување на променливи ѕвезди и спектографска анализа на Сонцето.

    Во август месец 1997 година за прв пат се организирани набљудувања на Големо Езеро (2218 м.), Баба планина, кои воедно претставуваат посериозен облик на активност имајќи го во предвид фактот, дека до самиот планинарски дом се стигнува со трочасовно пешачење. На 16 - 17 Август 1997 год под водство на м-р Никола Димитров - наставник по географија, беше организирано еднодневно набљудување на кое повеќе популарно се набљудуваа: Јупитер, Сатурн и Месечината, а во работата зедоа учество и астрономите аматери : Петровски Тодор, Ристевски Марјан и Бошевски Марјан.

    Наредната недела 22 - 24 Август 1997 год. на истата локација под водство на Ристевски Марјан беше организиран астрокампот “Пелистерски Очи II”, на кој учество зедоа : Петровски Тодор , Марковски Никола , Шулевски Александар, Личовски Стефан, Глигурова Катерина и седум членови од Македонско Астрономско Друштво од Скопје. На овие двовечерни набљудувања се посматраше поставеноста на Јупитеровите сателити, релјефот на Месечината, соѕвездието Лебед, Сончевите пеги, двојни ѕвезди, променливи ѕвезди, ѕвездени јата и метеорските дождови кои се активни во овој период.

    Во втората половина од 1997 год. од страна на м-р Никола Димитров, Марјан Ристевски и Тодор Петров беа реализирани метеорски набљудувања и тоа на следниве метеорски дождови:

1. КАСИОПЕИДИ 28 јули
2. ДЕЛТА - АКВАРИДИ 19-20, 26-27, 29 јули
3. АЛФА - КАПРИСКОРНИДИ 3 август
4. ЈОМА - АКВАРИДИ 3 август
5. ПЕРСЕИДИ 3, 7, 8-9, 16-17 август
6. КАМЕЛОПАРТИДИ 16-17, 23-24 август
7. КАПА - СИГНИДИ 16-17 август
8. ДРАКОНИДИ 9 октомври
9. ГЕМИНИДИ 13-14 декември

    Исто така во овoј период се реализирани и голем број на популаризирачки и истражувачки набљудувања.
 
 
    Во првите три месеци од 1998 год. активноста на колективен план е доста намалена, но значајни се индивидуалните проекти кои се работат континуирано и во наредните месеци. Се вршат истражувања на Сонцето, визуелни и фотографски набљудувања на метеори, Месечината, двојни ѕвезди и др. Главен удел во овие набљудувања имаат астрономите аматери Риставски Марјан, Шулевски Александар и Бандевски Владо.

    Врз основа на остварената соработка со повеќе астрономски друштва од Европа, Меѓуопштинското Астрономско Друштво - Битола учествуваше на 24-та Национална младинска астрономска конференција што се одржа во Варна - Р. Бугарија од 1.04.1998 год. до 5.04.1998 год. На оваа конференција учествуваа четворица членови на Меѓуопштинското Астрономско Друштво - Битола и тоа Риставски Марјан, Ристевски Ловре, Крстанов Дејан и Прчков Владимир, а на истата членот на Друштвото Марјан Ристевски имаше излагање за активностите во Друштвото:

- Формирање на Меѓуопштинско Асрономско Друштво - Битола

- Извршени набљудувања, фотографирања и одредување на некои од карактеристичните параметри кај кометата Хејл - Боп

- Метеорски дождови, набљудување, фотографирање, извршени анализи
- Изработка на ѕвездени карти

- Фотографирање на планети

- Одредување на релативниот индекс RW на сончевата активност од сончеви фотографии

- Одредување на кординатите на сончевите пеги

- Одредување на фазата, фазниот агол, елонгација и "староста" на месечината.
 
 
    На состанокот одржан на ден 10.06.1998 год. претседателот при МАД - Битола Владо Јончевски поднесе оставка на функцијата претседател на Меѓуопштинското Астрономско Друштво. По повеќе предлози за претседател на Меѓуопштинското Астрономско Друштво е избран Марјан Ристевски.

    На состанок кој се одржа 13-07-1998 год. е усвоена програмата за работа за преостанатите месеци од 1998 год. која со голем успех се реализира во наредните масеци.

    Во првата половина на месец Август група на астрономи аматери од Македонија престојуваа на НАО Рожен, Р. Бугарија. Согласно со програмата за работа при Меѓуопштинското Астрономско Друштво на овие опсервирања учествуваше и Шулевски Александар кој работеше на откривање на мали планети (проблематика која се работеше и на набљудувањата минатата година) и астрофотографија.
 
 
    Од 21 до 23 Август на падините на Баба планина се организира вториот летен астрокамп “Пелистерски Очи II” во организација на Меѓуопштинско Астрономско Друштво -Битола. Работата на кампот беше организирана во групи, со истиот раководеа Марјан Ристевски и м-р Никола Димитров, а на истиот зедоа активно учество 17 членови на Друштвото и група заинтересирани граѓани од Битола.

    На овај камп како и минатата година се организираа метеорски набљудувања, набљудувања на Сонцето, Месечината, објекти во длабочината на небото (Deep Sky) и други астронабљудувања за кои се покажат интерес кај учесниците на овај астрокамп.

    Исто така на маргините на кампот се одржаа три предавања од страна на Александар Шулевски, Марјан Ристевски и м-р Никола Димитров.

    На состанокот одржан на ден 11.09.1998 год е донесена програма за работа на Меѓуопштинско Астрономско Друштво - Битола во 1999 година и нејзина финансиска конструкција.

    Согласно со програмата за работа на друштвото во месеците Септември, Октомври и Декември се организират предавања и набљудувања во термините на средби во друштвото.

12.09.1998

Тема: Телескопи (прв дел)
Предавач и раководител на набљудувањата:
Ристевски Марјан
 
 
 19.09.1998

Тема: Телескопи (втор дел)
Предавач:
Ристевски Марјан

26.09.1998

Тема: Спектри
Предавач:
Шулевски Александар

03.10.1998

Наблудувања, раководител на набљудувањата:
Ристевски Марјан

10.10.1998

Тема: Телескопи (трет дел)
Предавач и раководител на набљудувањата:
Ристевски Марјан

17.10.1998

Тема: Сонце
Предавачи:
Димитров Никола ( Општи карактеристики на Сонцето )
 
 
Шулевски Александар
( Одредување на хелиографските кординати на пегите на Сонцето со помош на мерења извршени со проекционен екран, точност на методата и можни грешки при користење на истата )
 
 
Ристевски Марјан
( Фотографирање на Сонцето и сончевите пеги. Одредување на хелиографските кординати на пегите на Сонцето со помош на фотографска метода )
 
 
Тема: Припреми за набљудување на Метеорски дождови (Ориониди и Геминиди), фотографирање на метеори и планети и обработка на податоците од набљудувањата.
Предавач и раководител на набљудувањата: Ристевски Марјан Набљудувањата се извршени од 23h00m до 1h40m.
 
 
Тема: Фотографирање на соѕвездија

Учесници:
1. Шулевски Александар
2. Марковски Зоран
Фотографирањата се извршени од 02h00m до 4h10h.

24.10.1998

Тема: Сончев систем
Предавач: Димитров Никола

31.10.1998

Тема: Комети (прв и втор дел)
Предавач: Ристевски Марјан

7.11.1998

Тема: Комети (трет дел)
Предавач: Ристевски Марјан

14.11.1998

Тема: Комети (четврт дел)
Предавач: Ристевски Марјан
 
 
21.11.1998

Тема: Метеори (прв и втор дел)
Предавач: Риставски Марјан

    На Собранието одржано на ден 16.11.1998 год. е донесен новиот статут на друштвото. Истото е преименувано во Астрономско Друштво Битола. Согласно со новиот статут е донесен нов амблем на друштвото.
    Друштвото има тркалезен амблем. Централниот круг е со светло сина боја и на него се гледаат следниве компоненти. Во долниот дел планинскиот врв Пелистер, кој е обоен со сива боја чија нијанса се потемнува од лево кон десно и бела боја која ги симболизира вечните снегови. Веднаш над неко во средината на кругот, со жолта боја е претставена комета на која интензитетот на бојата се намалува од главата кон опашката, а истата фрла сина сенка. Во горнит лев агол со црвена боја и сина сенка е претставена планета со нејзините прстени, а околу неа пет ѕвезди со жолта боја и сина сенка.
    Амблемот има три периферни прстени од кои првиот и третиот кои воедно се и потенки се поделени на осум дела и се обоени наизменично со жолта и црвена боја кои го симболизираат македонското знаме. Средниот прстен е со сина основа и на него со бледо жолти букви е испишано името "АСТОНОМСКО ДРУШТВО БИТОЛА - БИТОЛА"
    Исто така во новиот статут се исфилтрирани голем број на грешки и недоследности во членовите. Согласно со статутот се именувани и нови членови за следните тела (со исклучок на председателството, секретарот и благајникот):

Претседателство:

1. Ристевски Марјан – претседател
2. Јончевски Владо
3. Гина Даница
4. Димитров Никола
5. Мешковска Ратка

Надзорен одбор:

1. Шулевски Александар
2. Ристевски Ловре
3. Ѓорѓиева Тања

Секретар, Благајник:

Елковска Сузана

Библиотекар:

Јовановска Ирена

Работни групи:
Согласно член 17 од статутот за прв пат се формирани работни секции (групи).

    На Собранието одржано на ден 02.02.1999 усвоени се измени на статут и согласно статутот избрани се тела на друштвото:

СОБРАНИЕ:

Ристевски Марјан - претседател
Кривевски Благојче
Ѓеоргиевски Тони
Нешковски Зоран
Ристевски Ловре
Јовановска Ирена
Марковски Зоран
Натевски Александар
Гина Даница
Димитров Никола
Мешковска Ратка
Бандевски Владимир
Шулевски Александар
Христовски Благој
Глигуровска Катерина

ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО:

Ристевски Марјан – претседател
Кривевски Благојче – секретар
Гина Даница
Димитров Никола
Бандевски Владимир

НАДЗОРЕН ОДБОР:

Ристевски Ловре – претседател
Шулевски Александар
Глигуровска Катерина
Последно освежено на Четврток, 19 Март 2009 23:13