Тумбе кафе без астрономија PDF Печати Е-пошта
Напишано од Александар Шулевски   
Сабота, 23 Октомври 2010 20:11

Како што сме напишале и порано на сајтов, состојбата со астрономијата во Битола не е нешто со кое треба да се гордееме. Кажувано беше и за идеата да се направи мала граѓанска опсерваторија на Тумбе - Кафе. Деновиве се привршува со изградбата на летната сцена на тоа познато ритче, трим патеката е обновена, поставено е осветлување.

Се е тоа во ред, и убаво е што е така. Но, она што нам како астрономи ни смета е тоа што пак е испуштена можноста да се направи нешто поинакво од обична инфраструктура. Да се направи нешто кое што би ја приближило науката и вселената до битолчани.

Несомнено, астрономското друштво од Битола носи поголем дел од вината за овој пропуст, фактот што активноста е на ниско ниво, што нема некоја посебна иницијатива. Но, проектот за опсерваторија е сеуште кај градските власти, а друштвото не е известено дали воопшто е разгледуван, кое е образложението за одлуката дека опсерваторијата не е пожелна на Тумбе - Кафе (ако воопшто е тоа решено).

Не сме толку наивни за да не можеме да претпоставиме на кој начин се носат одлуките на локално ниво, и свесни сме дека астрономијата е езотерија за Битола иако тоа не би требало да е така. Но, тука сме за да потсетиме на тоа кога се донесени некои (погрешни) одлуки. Оттаму и поводот да се напише постов.

Последно освежено на Недела, 12 Декември 2010 22:33