Сoнчев часовник во Битола PDF Печати Е-пошта
Напишано од Александар Шулевски   
Петок, 06 Март 2009 22:23
     Сончевиот часовник се наоѓа на централниот плоштад. Проектот за неговата конструкција е дел од реконструкцијата на Широк Сокак на кој преовладуваат градби од почетокот на 20 - тиот век.
      Сончевиот часовник е од вертикален тип, со тоа што ѕидот е завртен кон исток за агол малку помал од 10 степени. Димензиите се помалку невообичаени - 12 на 5 метри, но во целина, часовникот одлично се вклопи во околината и ја облагороди со своето присуство. Поради големите димензии, времето може да се отчитува на оддалеченост од околу 30 метри, што задоволува, имајќи ја во предвид позицијата на часовникот (кој се е завртен кон плоштадот).
 
Слика 1: Конструкциски цртеж на скалата на сончевиот часовник
 

     Дизајнот е направен со соодветен софтвер напишан специјално за таа цел во програмскиот пакет MATLAB. Со негова помош се добива слика за изгледот на скалата на часовникот. Софтверот дозволува да се прикажат повеќе параметри, но прикажани се само најпотребните за конструкцијата. Растојанијата се изразени во метри. Црвените линии се часовните линии, а зелените полу часовни (не се изведени во конструкцијата). Кратката линија ја покажува проекцијата на покажувачот на ѕидот. Проекцијата на небескиот екватор се протега преку скалата, а двете хиперболи се проекции на патеката на врвот од сенката на покажувачот за време на најдолгиот и најкраткиот ден од годината.

     Конструкциските параметри се (прикажани се како што ги  печати напишаниот софтвер):

 
 Ширина (степени) = 41N
 Деклинација на ѕидот (степени) = 350
 Должина на покажувачот (метри) = 1.02

 

Агли на линиите што ги означуваат часовите и половините на часовите во однос на пладневната линија (вертикалата):
 
 

 6.50007.0000
7.5000
8.0000
 8.50009.0000
 9.5000
 72.1130 63.4078 55.3381 47.8762 40.9543 34.4849 28.3735
 0.5000 1.0000 1.5000 2.0000 2.5000 3.0000 3.5000
 5.8497 11.9647 18.4389 25.3665 32.8352 40.9122 49.6248
 10.0000 11.0000 11.5000--
 --
 22.5264 11.2642 5.6753- -- -
4.00004.50000-
 -- -
 58.9342 68.71660
- --
 -

 

     Аголот помеѓу проекцијата на покажувачот на ѕидот и пладневната линија (степени): 1.129668е+001

     Агол помеѓу покажувачот и неговата проекција на ѕидот (степени): 4.800848е+001

     Растојание помеѓу линијата која ја означува рамнодневницата и точката во која што покажувачот го допира ѕидот (метри): 1.524617е+000

     Растојание помеѓу темињата на двете хиперболи кои ја опишуваат патеката на сонцето на најдолгиот и најкраткиот ден и линијата на рамнодневницата (метри): 4.957907е-001, 1.418088е+000

     Координати (x, y) на точката на допир на покажувачот И ѕидот (метри): 0, 6.691802е-001

     Прикажани се два вида на броеви: римските броеви на основата го прикажуваат времето во лето, и тие треба да се користат кога врвот на сенката е под линијата на екваторот (рамнодневницата). Кога врвот на сенката е над оваа линија, времето се отчитува со помош на арапските броеви поставени долж линијата на рамнодневницата. На овој начин, се овозможува приближно следење на граѓанското време. На ѕидот е претставен и амблемот на астрономското друштво од Битола, како и стилизиран приказ на комета.

 
 
Слика 2: Изглед на фасадата

     Неколку поговорки на латински јазик, и нивните преводи на македонски се испишани на ѕидот, одразувајки ја функцијата на часовникот. Исто така, напишано е и која скала се користи за читање, и како се отчитуваат годишните времиња.

Слика 3: Часовникот совршено се вклопува во просторот

     Покажувачот е конструиран од челик што не ‘рѓосува, а ѕидот е прекриен со заштитна боја за заштита од влага. Часовните линии се направени од тенки бакарни цевки, а броевите се од месинг. Ние се надеваме дека часовникот ќе му служи на градот уште долго време и дека преку него луѓето ќе се потсетат на заборавеното знаење, како и на тоа дека астрономијата е применлива и во секојдневниот живот.

Различни сончеви часовници меѓу кои и овој, може да се видат на: sundials on the internet