Астронаутичка секција PDF Печати Е-пошта
Напишано од Александар Шулевски   
Недела, 08 Март 2009 23:19
     Астонаутичката секција која работи при АДБ - Битола во својата широка програма за работа има неколку основни правци во насока на развојот на астронаутичката мисла. Тука како најзначајни се историскиот критички осврт кон развојот на оваа област, следењето на најновите научно техничко технолошки достигнувања во астронаутиката, едукационо имформатичката дејност на граѓанството околу мисиите кои се во тек или се подготвуваат за во иднина и секако изработката на модели на летала, нивни макети и сл.

    На овај план во голема мера се работи и на самата физика на појавите, нивно проучување и примена на некои решенија во практичните изведби на леталата кои се користат за демонстрација на летови.

    Исто така со голем замав се работи на конструирање на вакви модели на летала. На оваа поле се постигнати и завидни резултати.

    За потребите кои произлегоа од констукцијата на ваквите модели, членови на нашето друштво го конструираа и изработиjа првиот аеродинамички тунел во Р. Македонија.
 

Последно освежено на Недела, 08 Март 2009 23:29