Разно
Меѓународната вселенска станица и Месечината PDF Печати Е-пошта
Напишано од Александар Шулевски   
Вторник, 18 Јуни 2013 20:36

Анимација која ја следи меѓународната вселенска станица како поминува „над“ Месечината на 17.06.2013

 

 

ISS

 

Последно освежено на Вторник, 18 Јуни 2013 20:52
Повеќе...
 
Сонцето денес PDF Печати Е-пошта
Напишано од Александар Шулевски   
Недела, 23 Октомври 2011 14:29

Нашата ѕвезда на 23 Октомври околу 15 часот:

 

Сонце

Фотографирано со телескоп Meade ETX 80, и Canon EOS 1100D. Експозиција: 1 / 800 sec. Користен е Baader Planetarium филтер за објектив со пропусна моќ од 1 / 1000 од 1% од сјајот на Сонцето.

Последно освежено на Недела, 23 Октомври 2011 14:42
Повеќе...
 
Во потрага по првите ѕвезди со LOFAR PDF Печати Е-пошта
Напишано од Александар Шулевски   
Недела, 06 Февруари 2011 16:58

      LOFAR е најновиот телескоп кој е ставен на располагање на астрономите од целиот свет. Официјално беше пуштен во употреба во Јуни 2010 година. Можеби се прашувате каде се спектакуларните слики од големото огледало, куполата, и на кој непристапен планински предел е изграден. Одговорот е дека нема ни огледало, ни огромна зграда за телескопот, а локацијата е насекаде во полињата на северна Холандија (наскоро и Германија, Британија, Франција а можеби Полска и Украина). Тоа е затоа што LOFAR (LOw Frequency ARray – нискофреквентна низа) не е оптички телескоп кој користи видлива светлина, туку радио телескоп кој што го набљудува универзумот користејќи радио бранови. И тоа не било какви радио бранови, туку оние со ниски фреквенции, од околу 10 MHz до 240 MHz. За споредба, FM радио станиците емитуваат програма на фреквенции кои што се наоѓаат во опсегот од 87 MHz до 108 MHz. За радио астрономите ова се навистина ниски фреквенции, на кои што не се вршени многу истражувања. Многу е важно да се направат детални набљудувања во овој фреквенциски опсег, а посебно набљудувања со висока резолуција. Важноста се состои во тоа што на овие ниски фреквенции процесите во небесните тела кои што го произведуваат радио зрачењето се со помала енергија, па соодветно, ќе можеме да видиме какви се познатите радио извори во тој енергетски домен, а исто така и ќе биде возможно да се откријат и нови, досега непознати радио извори кои поради разични причини зрачат многу малку моќност на повисоките фреквенции.

      За да се оствари оваа амбициозна програма на набљудување, потребен беше инструмент како LOFAR. Изработен според нов концепт, без користење на скапи антени, и со доволно голема активна површина за да овозможи прецизно мапирање на небото. Посебноста на инструментот е во тоа што тој е интерферометар, радио – сликите на небото се добиваат со комбинирање на зрачењето кое е регистрирано со повеќе антени истовремено. А самите антени не се оние добро познати „чинии“, препознатливи од филмовите како на пример „Контакт“. За ниските фреквенции на кои LOFAR работи, тие не се потребни. Секоја „антена“ е составена од десетици мали антени. Зрачењето што го регистрира секоја од нив се претвора во електричен сигнал кој се дигитализира и се обработува во еден специјален суперкомпјутер. Така, една антена се „конструира“ софтверски. Самиот LOFAR се состои од 46 вакви „софтверски антени“. Предноста на овој пристап е во тоа што целиот телескоп може да се конструира од многу ефтини елементи. Ако поминете покрај полето кое ги содржи поединечните антени, многу е веројатно дека нема ни да ги забележите. Уште една голема предност е тоа што нема подвижни делови. Телескопот ги избира целите за набљудување и ги следи по небото пак со помош на компјутер. Уште повеќе, може да набљудува и во повеќе насоки истовремено. Објектите кои LOFAR ги проучува се разновидни. Од релативно блиски радио галаксии, пулсари, космички зраци, остатоци од супернови и остатоци од судири во галактичките јата, се до зрачењето од квазари „на крајот“ на вселената.

Повеќе...
 
За времето PDF Печати Е-пошта
Напишано од Александар Шулевски   
Недела, 12 Декември 2010 21:10

Често кога зборуваме за вселената велиме дека кога гледаме во небото всушност гледаме назад во времето. Зошто е ова така? Што станува кога ги гледаме предметите околу нас? Всушност ова „гледање наназад“ е секогаш присутно, само што во случај кога го гледаме компјутерскиот екран на пример не забележуваме дека на светлината која тој ја зрачи и треба милијардити дел од секундата да стигне до нашите очи.

Кога се работи за појави кои се далеку од нас, ова доцнење почнува да се забележува. На пример, на светлината од Месечината и треба околу една секунда да стигне до Земјата, од Сонцето - 8 минути, од Плутон приближно 5 часа. Значи, ако го набљудувам Плутон во моментов, ја примам светлината која од него била емитувана пред 5 часа, тоест го гледам каков што бил 5 часа во минатото. Најблиската ѕвезда ја гледаме онаква каква што била (и каде што била) пред околу 4 години, најблиската галаксија пред околу 2 милиони години, а најоддалечените квазари какви што биле пред околу 12 милијарди години. Сево ова е последица на конечната брзина со која се движи светината.

Во физиката е вообичаено да ги претставуваме настаните во Светот користејќи нешто што се вика координатен систем. Тоа е алатка за изразување со која споредуваме каде се наоѓа некој објект во однос на некоја стандардна точка. На пример, ако за стандард земеме едно ќоше од просторијата во која се наоѓаме, нашата позиција можеме да ја претставиме како на сликата

координати

Последно освежено на Недела, 12 Декември 2010 21:16
Повеќе...
 
Тумбе кафе без астрономија PDF Печати Е-пошта
Напишано од Александар Шулевски   
Сабота, 23 Октомври 2010 20:11

Како што сме напишале и порано на сајтов, состојбата со астрономијата во Битола не е нешто со кое треба да се гордееме. Кажувано беше и за идеата да се направи мала граѓанска опсерваторија на Тумбе - Кафе. Деновиве се привршува со изградбата на летната сцена на тоа познато ритче, трим патеката е обновена, поставено е осветлување.

Последно освежено на Недела, 12 Декември 2010 22:33
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 Следно > Крај >>

Лист 1 од 3