Разно
Фотографско определување на небесните екваторски координати PDF Печати Е-пошта
Напишано од Александар Шулевски   
Четврток, 05 Март 2009 23:12

     Повеќе пати во аматерската астрономска пракса се јавува потреба од точно определување на координатите на небесните тела. Најчесто се бараат небесните екваторски коодинати. Овде ќе се дискутира за некои од постапките со чија помош може да се одредат координатите на било која точка на астрономските фотографии на филм или на стаклени плочи.

Последно освежено на Петок, 06 Март 2009 22:17
Повеќе...
 
Извештај од набљудувањето на метеорскиот дожд "Персеиди" 2005 PDF Печати Е-пошта
Напишано од Александар Шулевски   
Среда, 04 Март 2009 00:03
Најпознатиот метеорски дожд кој дава сјајни метеори беше набљудуван од градскиот стадион во ноќта помеѓу 11 и 12 Август 2005 година. По статистиката која што беше направена на податоците добиени од сите набљудувачи, добивме дека параметарот ZHR изнесува 240, со што се потврдува дека Персеидите се еден од поактивните метеорски дождови.

За повеќе податоци околу метеорите, нивно набљудување и методите кои се користат за редукција на податоците, посетете го web - сајтот на Интернационалната Метеорска Организација (IMO). Врската до него можете да ја најдете на десната страна на екранот во делот со врски на нашава страна.
Последно освежено на Среда, 04 Март 2009 00:14
 
Извештај од набљудувањето на сончевото помрачување (29.03.2006) PDF Печати Е-пошта
Напишано од Александар Шулевски   
Среда, 04 Март 2009 00:00

Се набљудуваше од градскиот парк во Битола во одлични временски услови. Во текот на целиот настан времето беше сончево, со само мал број на облаци, и мали налети на ветер. Првиот контакт беше забележан во 11h34m.

Последно освежено на Четврток, 05 Март 2009 00:07
Повеќе...
 
Фотографии на Сатурн PDF Печати Е-пошта
Напишано од Александар Шулевски   
Понеделник, 02 Март 2009 20:04
   Прикажани се фотографии на планетата Сатурн снимени на 21.01.2007 година околу 22:00 часот. Фотографиите се направени со користење на Шмит - Касегреновиот телескоп на астрономското друштво, кој има фокусно растојание од 2000mm, и апертура на објективот од 200mm. Користена е окуларна проекција со окулари со фокусно растојание од 20mm (зголемување од 100 пати - горните две слики) и 12.5mm (зголемување од околу 200 пати - долната слика). Камерата е обична дигитална камера со CMOS чип од 2 мегапиксели. Снимано е низ објективот на камерата со резолуција од 1600 x 1200 пиксели. Сликите се само рудиментирано обработени со користење на т.н. "unsharp mask" филтер за намалување на шумот. Снимано е од град, и поради термалните струи, сликите не се богати со детали, но јасно се гледа прстенот на планетата.
 

Последно освежено на Сабота, 18 Април 2009 13:47
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 Следно > Крај >>

Лист 3 од 3