I
Астрокамп „Пелистерски очи“ 1 PDF Печати Е-пошта
Напишано од Александар Шулевски   
Вторник, 10 Март 2009 23:51

     Почнувајки од 1997 година на падините на планината Баба секоја година се организира астрокампот ПЕЛИСТЕРСКИ ОЧИ.

     Првиот астрокамп "ПЕЛИСТЕРСКИ ОЧИ" 1 беше организиран во периодот од 22 до 24 Август 1997 година на локацијата Големо езеро под водство на Ристевски Марјан. На овај астрокамп учество зедоа членови на Астрономското Друштво Битола од Битола, Македонското Астрономско Друштво од Скопје и граѓани од градот Битола.

 

 

     На овие двовечерни набљудувања се посматраше поставеноста на Јупитеровите сателити, релјефот на Месечината, соѕвездието Лебед, Сончевите пеги, двојни ѕвезди, променливи ѕвезди, ѕвездени јата и метеорските дождови кои се активни во овој период.