II
Астрокамп „Пелистерски очи“ 2 PDF Печати Е-пошта
Напишано од Александар Шулевски   
Среда, 11 Март 2009 23:31
     Од 21 до 23 Август 1998 година на падините на Баба планина се организира вториот летен астрокамп "Пелистерски Очи" 2 во организација на Астрономско Друштво Битола - БИТОЛА.

    На овој камп како и минатата година се организирани метеорски набљудувања, набљудувања на Сонцето, Месечината, објекти во длабочината на небото (Deep Sky) и други астронабљудувања за кои се покажа интерес од страна на учесниците на овој астрокамп. Исто така ова беше и добра можност за заинтересираните учесници да се претстават со својата досегашна работа со излагања не подолги од 15 минути, да поставуваат прашања, а пред се ова беше и можност за зближување, дружење и подобро запознавање на учесниците.

ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА АСТРОКАМПОТ "ПЕЛИСТЕРСКИ ОЧИ" 2

21 Август

- Пристигнување во Народна техника - Битола, (МАД - БИТОЛА), до 12h 00m
- Организирано поаѓање најкасно до 12h 00m (поаѓањето ќе биде во зависност од доаѓањето на групите). Од МАД - БИТОЛА со организиран превоз се пристигнува во с. Нижeполе (туристичка населба) Стрежево, од каде се продолжува со пешачење (по лесно проодна планинска патека, при што патот е долг 3 часа), до планинската куќа на Големо Езеро (2100 м) каде членовите ќе бидат сместени.
- Во 18h 00m мала свеченост по повод отворањето на астрокампот.
- Набљудувањата ќе започнат во 22h 00m, а набљудувањата ќе се одвиваат во групи.

22 Август

- Од 10h 00m до 12h 00m е терминот за дискусии, разни мислења и кратки излагања од членовите.
- По предвидената пауза за ручек во 15h 00m ќе се организира освојување на врвот Пелистер (Димев врв) 2601м, панорама на Преспанското езеро, а доколку времето не послужи може да се набљудува градот Солун и Бело море.
- Набљудувањата ќе започнат во 22h 00m.

23 Август

- Дискусија за работата на астрокампот од 09h 00m до 11h 00m.
- Во 11h 00m затворање на астрокампот.
- Во 12h 00m поаѓање за Битола
 
 
     Работата на кампот беше организирана во групи, со истиот раководеа Марјан Ристевски и м-р Никола Димитров, а на истиот зедоа активно учество 17 членови на Друштвото и група заинтересирани граѓани од Битола.

    На кампот се одржаа три предавања од страна на Александар Шулевски, Марјан Ристевски и м-р Никола Димитров.