III
Астро Камп - Берово 2011 PDF Печати Е-пошта
Напишано од Александар Шулевски   
Среда, 03 Август 2011 12:46

Во организација на Скопското Астрономско Друштво (САД) беше организиран астро камп во близина на Беровското езеро. Кампот траеше од 29 Јули до 2 Август 2011 година. На истата локација беше организиран астро камп пред 4 години, и тогаш сите учесници беа многу задоволни.

Решив да им се придружам на колегите оваа година и да го споделам ноќното небо со нив. Одбрав пократок престој, од 30 Јули до 1 Август поради тоа што имав и други обврски, но во секој случај не се разочарав. Набљудувачкото место беше поставено блиску до сместувањето (вила „Зора“, а постоеше можност и за поставување на шатори) на висина од околу 1000 метри. Бидејќи немав кола, до местото требаше да дојдам со автобус преку Струмица и Берово, а потоа со такси, што беше патешествие само по себе, но не и премногу тешко.

Повеќе...
 
Астрокамп и конференција „Пелистерски очи“ 3 PDF Печати Е-пошта
Напишано од Александар Шулевски   
Четврток, 12 Март 2009 23:38
     Од 19 до 21 јули 1999 година во Битола и на падините на Баба планина се организира третиот летен астрокамп "Пелистерски Очи 3". За првпат покрај астрокампот ќе се одржи и конференција во организација на Астрономско Друштво Битола - БИТОЛА.

    На овој камп како и минатата година ќе се организираат метеорски набљудувања, набљудувања на Сонцето, Месечината, објекти во длабочината на небото (Deep sky) и други астронабљудувања за кои се покажа интерес од страна на учесниците на овај астрокамп.

    На конференцијата ќе се излагаат истражувачки резултати од набљудувања на променливи ѕвезди, комети, Месечина, Сонце, метеори и др. Од посебен интерес ќе бидат и излагањата посветени на престојното Сончево помрачување, како и изложувањето на некои набљудувачки методи, анализи и сл.

ПРОГРАМА ЗА РАБОТА

19 јули

- Пристигнување во просториите на АДБ - Битола, до 12h 00m
- Организирано поаѓање најкасно до 13h 00m (поаѓането ќе биде во зависност од доаѓањето на групите). Од АДБ - Битола со организиран превоз се пристигнува во с. Нижеполе (туристичка населба) Стрежево, од каде се продолжува со пешачење (по лесно проодна планинска патека, при што патот е долг 3 часа), до планинската куќа на Големо Езеро (2100 м) каде учесниците ќе бидат сместени.
- Во 18h 00m мала свечаност по повод отворањето на астрокампот.
- Набљудувањата ќе започнат во 22h 00m, а набљудувањата ќе се одвиваат во групи.

20 јули

- Од 10h 00m до 11h 00m Сончеви набљудувања.
- По предвидената пауза за ручек во 12h 00 м ќе се организира освојување на врвот Пелистер (Димев врв) 2601м, панорама на Преспанското езеро, а доколку времето не послужи може да се наблјудува градот Солун и Бело море.
- Пристигнување во бригадирската населба 17h 00m.
- Почеток на конференцијата, излагања од 20h 00m до 22h 00m
- Набљудувањата ќе започнат во 23h 00m.

21 јули

- Излагања од 09h 00m до 11h 00m.
- Во 11h 00m затворање на астрокампот.
- Во 12h 00m поаѓање за Битола.